Завршен протокол на г-н Брајлсфорд за акцијата за помош | ||||||||
На величествениот митинг за Македонија, свикан во втората половина на септември во Џемс-Хал се донесоа неколку резолуции, меѓу кои и една, со којашто беше замолен балканскиот комитет да организира фонд за потпомагање на несреќните во Македонија. Комитетот одбра една комисија, со секретар Х. Н. Брајлсфорд и касиер Thomas Fowell Buxon, којашто започна веднаш со собирањето на помош. На 6 октомври една мисијаа помош, на чело со Х. Н, Брајлсфорд и леди Брајлсфорд, тргна за Битола. Повеќето од членовите на таа мисија[1] престојуваа цeли пет месеци во Македонија и на самото место ја организираа акцијата за помош. Кога пристигнавме во м. октомври во Битола, востанието веќе беше задушено. Голем дел од населението, кое што беше забегано во планиннте, се врати во своите села и покажуваше голема грижливост во градењето на привремени живеалишта, во кои ќе ја мине зимата. Селата беа опустошени од пожарите и претставуваа урнатини. Во моментот се чувствуваше голем недостаток оо топли покривачи и зимска облека, бидејќи сето тоа беше изгорено. Покривачи и облекаНашата прва грижа беше да го снабдиме населението со покривачи. Беа раздадени 10,755 волнени ќебиња, кои, можеби, спасија стотици семејства од суровиот студ. Големи грижи се положија за раздавање на облека. Пет илјади воени одела беа раздадени на населението од околината на Лерин и Костур. Не верувам дека сме можеле да ја задоволиме целосно потребата од облека и покривачи, и жалам, што не можевме да направиме повеќе. Раздавање на прехрамбени продуктиВо тој однос наидовме на голема катастрофа. На повеќето места населението одвај имаше храна за по 2—3 дена. Имавме големи потешкотии при распределувањето на храната, затоа што населението не гладуваше аднакво во сите области. На некои места населението изумираше од глад; на други места имаше повеќе резерви од храна. Така, во Охрид, храна имаше за 3—4 недели, кога го посетив во първите денови на м. ноември. Раздававме главно брашно и пченка, негде и парични суми, како, напр., во костурско. Распределбата беше од 7 склада. Имавме воведено систем со купони. Следувањето на лице беше за најбедните места по 37 ливри за еден месец и од 17 до 30 ливри — за побогатите. Месни складови Имавме седум, во: Битола — му се помогна на 3,400 души; Ресен — 10,700 души ; Охрид — 14,000 души ; Лерин — 3,800 души; Костур — 10,200 души; Кичево — 7.600 души и Крушово — 4,000 души. Санитарно делоКомплетиравме под наша грижа три болници во Охрид, Костур и Битола. Во Клисура со наши средства ангажиравме лекар, кој имаше 419 пациенти. Ангажиравме лекар, кој ќе ги посетува селата во преспанско за време на епидемиите. Нашата помош немаше политичка тенденцијаПомагавме, без оглед на вера и народност, била таа грчка или бугарска. Пред сe, гледавме да им помогнеме на болните, вдовиците, сираците и старците. Им помогнавме на 57,000 души и им го обезбедивме опстанокот до лотото. По секоја веројатност, населението и идната зима ќе има потреба од нашата помош. Веројатно е да се вратат исто така и околу 30,000 бегалци; тоа ќе ја отежни нашата задача, поради што и нашето дело треба да се проагитира и рашири. Лондон, 25. IV. 1904 г. Х. Н. Брајлсфорд 1. Во мисијата беа и: леди Елинор Томсон (после вториот брак го добила името леди Гроган), мис Дерком, Ноел Бекстон и сестра Августина – раководителка на сестринскиот орден „св. Винцент“. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||